Трипл-дабл вечер за Дончиќ и за Јокиќ (ВИДЕО)

Далас ја забележа 25-те сезонска победа триумфирајќи со 99-93 на домашен терен над Шарлот, а најзаслужен за успехот беше Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар го забележа третиот трипл-дабл во дебитантската НБА сезона. Постигна 19 поени, имаше 10 скока и 11 асистенции. Билансот на Далас 25/28 е доволен само за 11. позиција во Западната конференција, додека Шарлот со ефект од 26/28 е на седмото место на Исток.

Никола Јокиќ со десеттиот трипл-дабл во кариетата сепак не успеа да го спаси Денвер од пораз на гостувањето кај Бруклин. Јокиќ постигна 25 поени, имаше и 14 скока и 10 асистенции, но Денвер загуби со 135-130 и врза два последовни пораза. Сега има биланс од 37/17 и е на вторто место на Запад. За Бркулин кој во триумфот го имаше одличниот Дианџело Расел(27 поени, 11 асистенции) ова беше 27 сезонска победа, има и 29 порази и е на шетото место во Источната конференција.

Актуелниот шампион и лидер на Западната конференција, Голден Стејт го прегази екс-шампионот Сан Антониот, славеше со неверојатни 39 поени разлика. 141-102 е конечниот резултат од пресметката во која Голден Стејт ја имаше најефикасната четвртина сезонава. Во третиот сегмент „воините“ постигна 49 поени.

Клеј Томпсон со 26 поени беше прв стрелец кај Голден Стејт, Кевин Дурант постигна 23, Стеф Кари имаше 19, а Демаркус Казинс 15 поени. Првакот со биланс од 38-15 му побегна на Денвер за две победи повеќе и два пораза помалку на водечката позиција на Запад.

Од Голден Стејт единствено подобар сезонава засега е Милвоки. Најдобриот тим на Исток забележа нов тирумф. Славеше со 148-129 над Вашингтон. Ол-старѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо постигна 43 поени и повторно беше најзаслужен за успехот на неговата екипа.

Џејмс Харден ја продолжува серијата од плус 30 поени. Во победата на Хјустон над Сакраменто од 127-101 постигна 36 поени.

 

Се вчитува...