Триумф на Барди, пораз на Димитриевски, по бод за Реал, Барса и за Атлетико Мадрид

Леванте ги загуби сите шанси за опстанок, но Енис Барди и соиграчите имаа мотив за вечерва на последниот дуел на домашен терен да слават над Алавес со 3-1. Гостите дури и први поведоа со 0-1, но Леванте покажа карактер и направи целосен пресврт со головите на Дуарте, Марти и на Моралес. Барди беше стартер на Леванте на овој натпревар, а македонскиот репрезентативец остана на теренто се до 80. минута.

Столе Димитриевски со Рајо Валјекано загуби со 2-1 на гостувањето против Мајорка, меч на кој домашниот состав со победата го осигура опстанокот.

Реал Мадрид без неколку стандардни првотимци ремизираше 1-1 на гостувањето против Кадиз. Маријано Дијаз ги доведе „кралевите“ во водство, Кадиз израмни преку Собрино, а домаќините имаат за што да знаат ако се земе во предвид дека во второто полувреме промашија пенал преку искусниот Алваро Негредо.

Дербито на колото меѓу Атлетико Мадрид и Севилја заврши со 1-1, први поведоа домаќините преку Хименез, додека голем бод за Севилја во борбата за четвртото место спаси Ен Несири во 85. минута.

Барселона исто така ремизираше, играјќи 0-0 на гостувањето против Хетафе, со што каталонците на едно коло до крајот го осигураа второто место кое значи и учество во Супер-купот на Шпанија.

Се вчитува...