Триумф на Кире Лазаров, пораз на Пешевски во ЛШ

Кире Лазаров и Нант забележаа нова победа во Лигата на шампионите, оправдувајќи ја фаворитската улога против Скјерн со триумф на домашен терен од 35-27. Овој меч беше реприза од ланското четвртфинале во ЛШ, а францускиот состав знаеше како да ја искористи предноста што игра пред своите верни навивачи и прокнижи планирани бодови. Гостите добро парираа во првото полувреме што заврши со само еден гол разлика, за потоа Нант целосно да доминира во вториот дел и да стигне до убедлива победа.

Лазаров постигна четири гола од вкупно десет обиди, а најефикасни кај Нант беа Балагер со седум и Ривера и Клер со по пет погодоци.

Жарко Пешевски со тимот на Мотор по голема битка загуби пред своите гледачи од Пик Сегед со минимални 31-32. Македонскиот пивот одигра извонредно постигнувајќи пет гола, со што беше втор стрелец во својот тим зад Козакевич со осум погодоци.

Се вчитува...