Триумф на Лоренцо на возбудливата трка во Австрија

Шпанскиот возач Хорхе Лорензо по многу возбудувања триумфира на трката од Мото ГП за ГН на Австрија. За тимот на Дукати ова е трета последователна победа во шампионатот.

Во спектакуларната трка буквално до последната кривини не се знаеше кој ќе мине прв низ целта. Речиси во текот на целата трка за првото место се бореа Лоренцо и неговиот ривал Марк Маркез кој е моментно на лидерската позиција во генералниот пласман.

Маркез стартуваше од пол позиција, но Довициозо имаше подобар старт и го презеде водството. Сепак, италијанскиот возач не остана долго на челната позиција, направи грешка по која на врвот се одвоија Лоренцо и Маркез и по бројните прстигнувања, се менуваа на водечката позиција. На крај Лоренцо беше поконцентриран и посигурен, не му дозволи на Маркез да го престигне и заврши на првата позиција.

Маркез беше втор, а место на подиумот обезбеди и Довициозо. Легендарниот италијански возач, Валентино Роси, викендов потфрли и на крај мораше да се задоволи само со шестото место.

Во генералниот пласман на возачи, Маркез и понатаму е на лидерската позиција со 201 бод, Роси е втор со 142 бода. Зад него е денешниот победник, Лоренцо со 130, а еден бод помналку на четвртото место има Довициозо.

Се вчитува...