Триумф на Ринс, јубилеј на Маркез во Австралија

Алекс Ринс е победник на трката за ГН на Австралија што утрово се возеше во рамките на Мото ГП шампионатот. Мотоциклистот на Сузуки извозе маестрална трка, па иако стартуваше од десеттата позиција успеа во последниот круг да излезе на чело на колоната и да се задржи на првото место, за заслужен триумф на патеката „Филип Ајланд“.

Ова беше прва победа на Сузуки, воедно и прва за Ринс по пауза од цели две години, вкупно 16. за овој мотоциклист во кариерата. Второто место му припадна на Макс Маркез, кој го прослави својот јубилеен 100. подиум во кариерата, додека на третата позиција денеска се пласираше Франческо Бањаја. Бањаја влезе како првопласиран во последниот круг, но пота направи грешка што Ринс и Маркез ја искористија и на крајот мораше да се задоволи само со третата позиција.

Сепак, и со овој пласман Бањаја се искачи на првото место во генералниот пласман, откако Фабио Квартараро не успеа да ја заврши денешната трка. Бањаја во последните две трки ќе влезе со предност од 14 бода во однос на бранителот на трофејот Квартaраро, како најава за спектаклот што се очекува на патеката „Сепанг“ во Малезија наредниот викенд.

Се вчитува...