Триумфално деби на Андон Бошковски на клупата на Пролет

Андон Бошковски имаше триумфално деби на клупата на Тинекс Пролет, откако  славеше со 38-32 на пријателскиот меч со Прилеп што беше одигран во Маврово. Ова беше прв од неколкуте натпревари што Пролет ќе ги игра во наредниот период како загревање за двомечот со Гранолјерс во квалификациите за Лигата на Европа.

Првото полувреме донесе израмнета игра, а на одмор се замина со предност на Тинекс Пролет од минимални 19-18. Клучната позитива беше направена во првиот дел од второто полувреме, па на десет минути до крајот резултатот гласеше 32-22 за тимот на Пролет. Тренерот Бошковски им даде шанса на сите ракометари, а малиот пад на концентрацијата во финишот им овозможи на противниците да ја намалат негативата, за конечн 38-32.

Џонов беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет со девет гола, осум постигна капитенот Андоновски, а седум пати прецизен беше Аларов. Следен предизвик за избраниците на Бошковски ќе биде контролниот дуел со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...