Троен проблем за Арсенал пред реваншот со Атлетико

Арсенал се врати во посакуваниот ритам со убедливата победа над Фулам, но вистинскиот предизвик претстои веќе утре – реваншот од полуфиналето во Лигата на Шампионите против Атлетико откако првиот натпревар заврши без победник.

Микел Артета се соочува со сериозни проблеми откако тројца стандардни првотимци го пропуштија денешниот тренинг, по што шансите за нивни настап на утрешниот реванш се сведени на теорија.

Каи Хаверц и Мартин Едегард не добија зелено светло да тренираат со остатокот од тимот, а бавно оди и рехабилитацијата на Тимбер, па десниот бек ќе мора да пропушти најмалку уште еден натпревар на „топчиите“.

Вајт најверојатно ќе биде прва опција во отсуство на Тимбер, Ѓокереш ќе биде предводник на нападот во ситуација кога Хаверц не е „фит“, додека местото на Едегард речиси сигурно ќе му припадна на Езе.

Се вчитува...