ТРОФЕЈ број 5 за МАГДЕБУРГ во ЛШ

Ракометарите на Магдебург се новите европски шампиони, откако после 2023 година, и го вратија трофејот за најдобриот европски тим во своите витрини. Денеска во финалето во Келн, Магдебург беше подобар од Фуксе Берлин со 32-26. Со тоа Фуксе не успеа да дојде до првиот свој трофеј во ова натпреварување.

Самиот меч почна „тесно“, ниту еден од екипите немаше повеќе од два гола предност, се до финишот на првиот дел кога Магдебург стигна до +3, а потоа и до +4.

Тоа се покажа како клучно, со оглед дека во вториот дел се играше гол за гол. Магдебург стигнуваше неколкупати до предност од +5, а потоа и до предност од шест гола во финишот 32-26, после кои веќе немаше никаква надеж за тимот од Берлин.

Гидсел и Тејгум со по седум гола беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Крстијансон со осум кај Фуксе беше најдобар на целиот натпревар.

Се вчитува...