Трофеј Карпати: Кадетите супериорни против Црна Гора

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија триумфално го завршинастапот на „Трофеј Карпати“, славејќи лесно и убедливо на дуелот против Црна Гора со резултат 28-20.

За разлика од претходните дуели со Египет и со Романија на кои претрпеа порази, нашите млади ракометари овојпат доминираа од самиот почеток. Особено супериорни македонските кадети беа во првото полувреме, во кое го демолираа противникот, поведувајќи со 19-6.

Удобната предност придонесе во вториот дел да дојде до опуштање во нашиот табор, но триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашања, па настапот на турнирот беше завршен триумфално.

Се вчитува...