Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе има нов предизвик – настап на „Трофеј Македонија“ што од утре па се до сабота ќе се одржи во Охрид.
Целта е јасна, нашите најдобри ракометарки да добијат на искуство и квалитетни контролни средби во пресрет на новите квалификациски предизвици.
„После повеќе од една деценија Македонија и градот Охрид ќе бидат домаќини на еден женски сениорски турнир. Периодот беше краток, но успеавме да се организираме, ни доаѓа соседна Грција, како и репрезентациите на Египет и Тунис, кои се редовни учеснички на големите натпреварувања. Веруваме дека нашата репрезентација овие средби ќе ги искористи на најдобар можен начин, како увертира за претстојните предизвици“, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов.
Македонија утре во 20.30 часот ќе се сретне со селекцијата на Тунис, за петок е закажан дуелот со репрезентацијата на Египет, а дуелот со Грција е закажа за сабота во 16.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

