Трогателни анимации кои силно ја покажуваат врската меѓу Коби и Џана (ФОТО)

Светот се уште е во шок по големата трагедија во која животот го загуби НБА легендата Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант.

Тие, заедно со уште шест лица и пилотот, патувале од својата кошаркарска академија „Мамба“ кон местото Таусенд Оукс, на околу 60 километри западно од центарот на Лос Анѓелес. Поради густата магла, откако претходно направил неколку круга над градот, хеликоптерот се срушил при брзина од 300 километри на час.

Бројни анимации со Брајант и неговата 13-годишна ќерка деновиве го преплавија интернет светот уште еднаш на најдобар можен начин покажувајќи ја силната меѓусебна конекција која ја имаа Коби и Џана.

Меѓу жртвите во хеликоптерската несреќа е и дел од друго семејство, бејзбол тренерот Џон Алтобели (56), неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за Академијата Мамба и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс.

Загина и Кристина Маусер, исто така кошаркарски тренер, како и младата кошаркарка Пејтон и нејзината мајка Сара Честер, кои исто така оделе на турнирот во Таусенд. Како и пилотот Ара Зобајан.

Коби Брајант (41) зад себе сега ја остави сопругата Ванеса и уште три ќеркички.

Се вчитува...