Tројките на Трајковски и Стојановски со кои „падна“ Игокеа (видео)

Дамјан Стојановски беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, но Бојан Трајковски ги постигна клучните поени во моментите кога се кршеше отпорот на Игокеа. Токму со оваа тројка, при негатива на МЗТ од 99-98 крилниот центар успеа да го доведе македонскиот првак во водство од 99-101, исфрлајќи ги од ритам домаќините кои до крајот не постигнаа ниту еден единствен поен.

По Трајкоски, точка на мечот со прецизен удар од далечина стави Дамјан Стојановски, како круна на најдобриот меч на МЗТ Скопје во досегашниот дел од сезоната.

Се вчитува...