Тројната одбрана на Милосављев најдобра на колото, вардаровиот голман во Дрим-тимот

Дејан Милосављев се најде во идеалниот тим на првото коло од Лигата на шампионите според изборот на ЕХФ.

Вардар на стартот од Лигата на шампионите славеше на гостувањето против Монпелје а најзаслужен за тоа беше голманот Милосављев кој мечот го заврши со 15 интервенции. Меѓу нив и онаа тројна интервенција во 24. минута која, според ЕХФ, е најдобра на колото во изборот на ТОП 5 одбрани. Меѓу најдобрите пет одбрани на четвртата позиција е и Арпад Штербик.

Најдобрите пет одбрани на колото можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...