Тројца екс- македонски селектори кандидати за клупата Загреб

Хрватскиот шампион ППД Загреб во наредната сезона најверојатно ќе има нов тренер на клупата на местото на Златан Сарачевиќ. Договорот на Сарачевиќ му истекува на 1 јуни кога се игра и последниот натпревар во хравтскиот шампионат. Според хрватските медиуми, Сарачевиќ нема да остане на клупата, а во опција за негов наследник се неколку добро познати имиња на овие простори. Во потесниот избор се тројца поранешни селектори на репрезентацијата на Македонија – Веселин Вујовиќ, Ивица Обраван и Лино Червар и поранешниот хрватски селектор, Жељко Бабиќ кој моментно е на излезна врата во словенечкиот клуб Горење.

Вујовиќ е моментно селектор на Словенија и актуелен тренер на Копер, но тој е омилен лик меѓу навивачите и тренер што успеа да го крене Загреб, па многумина посакуваат повторно да го видат на клупата.

Лино Червар е актуелен селектор на Хрватска и официјално се уште тренер на Металург. Но, хрватските медиуми наведуваат дека Червар „слободен е и се уште волен за ангажман на ракометните паркети“.

По заминувањето од Шамбери, слободен за нов тренерски ангажам е и Ивица Обрван и според хрватските новинари, тој е исто така во опција по втор пат да ја преземе клупата на ППД Загреб.

Промени ќе има и во играчкиот состав на актуелниот вицешампион во СЕХА лигата, а едно од новите имиња што треба да се приклучи во подмладениот состав е храватскиот репрезентативец Халил Јагањац кој се уште е под договор во Металург.

Се вчитува...