Тројца млади ракометари потпишаа нови договори со РК Бутел

Тимот на Бутел Скопје пред стартот на новата сезона ја продолжи соработката со тројца млади ракометари. Станува збор за левиот бек Илија Пејковски, левото крило Филип Бошковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски.

Сите тројца ракометари ја продолжија верноста за уште три сезони и ќе останат во нашиот клуб најмалку до 2026 година.
Следен предизвик за Бутел Скопје и ракометарите ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август

Се вчитува...