Тројца вардарци и Јагањац од Металург во најдобрите 7 во СЕХА (ВИДЕО)

Дури тројца ракометари од Вардар се најдоа во најдобрите седум во регионалната СЕХА лига за месец септември. Во одбраниот тим во СЕХА се голманот на Вардар, Дејан Милосављев, десниот бек Даинис Криштопанс и пикерот Рожерио Мораеш. Вардар има четири победи во првите четири натпревари од новата сезона во регионалната лига, па оттаму не чуди ни тоа што половина од идеалниот тим за месец септември е од таборот на „црвено-црните“.

Покрај тројката од Вардар, место во најдобрите 7 за месец септември доби и хрватскиот репрезентативец во дресот на Металург, Халил Јагањац како најдобар лев бек во првиот избор на најдобрите во новата сезона.

Тимот го дополнуваат уште и Ведран Делиќ од Извиѓак како најдобро лево крило, Томи Возаб од Нексе на среден бек и Максим Баранау од Мешков Брест на десно крило.

Се вчитува...