Трумчи: Ќе направиме се за да обезбедиме финале во Купот уште на првиот дуел

Тетовска Шкендија утре од 14 часот се соочува со Шкендија Арачиново во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.

Тетовци, без сомнение, посакуваат пласман во финалето на Купот и битка за трофејот.

„Мислам дека пред сè ова е братски натпревар меѓу двете Шкендии. Ќе биде многу тежок и интересен натпревар, и за нас играчите и за јавноста. Јас лично очекувам убава атмосфера, во која јавноста ќе ужива во фудбалот а ние ќе се чувствуваме добро на теренот“ – вели фудбалерот на Шкендија, Александар Трумчи, и дополнува:

„Мора многу да го почитуваме гостинот бидејќи тоа е силен тим кој иако второлигаш е тим кој се стреми кон елитата. Имаат квалитетни играчи во составот, па затоа мора да бидеме сериозни и да го дадеме максимумот за да го добиеме овој натпревар.“

Треба да се избегне изненадување…

„Во фудбалот има три можни исходи, но не смееме да дозволиме никакви изненадувања во ниту еден момент. Преокупирани сме и решени да го извлечеме најпозитивниот резултат од првиот натпревар. Најдобро е да не ги оставиме да се одлучува на реваншот, па затоа ќе бараме победа утре на наш терен. И нашите навивачи со нетрпение го очекуваат мечот, па се надевам дека ќе одиграме добро за да славиме“ – вели Трумчи.

Се вчитува...