Цедевита Олимпија ја шокираше Црвена Звезда во АБА лигата

Кошаркарите на Црвена Звезда продолжуваат со црната серија. Откако загубија во Евролигата тие вечерва забележаа изненадувачки пораз и на гостувањето кај Цедевита Олимпија од 74-69 во меч од 22. коло од АБА лигата.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа подобро и веќе по десет минути игра имаа позитива од шест поени (24-18). Словенците во текот на сите 40 минути го контролираа натпреварот и на крајот стигнаа до конечен триумф од 74-69.

Девин Робинсон и Лемар со по 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Никола Калиниќ постигна 20 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...