Цедевита со врвно засилување атакува на тронот на АБА

Раководството на Цедевита делува решено овој тим конечно да се искачи на тронот на АБА-лигата, користејќи го целиот ремонт во редовите на шампионот Црвена звезда.

Хрватскиот шампион веќе се засили со Роко Лени Укиќ, потоа Иван Рамљак и со Американецот Вил Чери, но најзвучно име во овој преоден рок дефинитивно е Деметрис Николс. Станува збор за исклучително квалитетен кошаркар кој настапува на позициите „три“ и „четири“, а кој ќе пристигне во Загреб од редовите на Панатинаикос.

Претходно тој настапуваше и за ЦСКА Москва, тим со која во 2016 ја освои и Евролигата, а во својата кариера беше дел и од НБА-лигата, бранејќи ги боите на Кливленд, Чикаго и на Њујорк.

Се вчитува...