Ајнтрахт славеше над Бенфика со 2-0 и се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа, а навивачите приредија вистинска фешта на стадионот во Франкфурт, за успех каков што се чекаше цели 39 години.
Фудбалерите на Ајнтрахт најпрвин се качија на трибините и славеа со фановите, потоа заминаа од теренот, за десетина минути подоцна да се вратат назад од соблекувалните, седнат на теренот и да уживаат во шоуто што го приредија нивните верни навивачи.
Апсолутно заслужена радост, која Германците дефинитивно знаеја како да ја искажат.
Goosebumps x ???#SGEuropa pic.twitter.com/dfzAAJbIto
— Eintracht Frankfurt (@eintracht_eng) April 18, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА