Цел меч за Ристовски во ремито без голови на Динамо и Хајдук

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски практично одигра цел натпревар за Динамо Загреб, заменет во 91. минута поради мала повреда, во ремито без голови на големата дерби пресметка со Хајдук од 26. коло во хрватскиот шампионат.

Во натпревар без многу возбудувања двата тима, на крај, ги поделија бодовите со што останува неизвесна трката за шампионската титула сезонава во Хрватска.

Јани Атанасов остана на клупата за резервни фудбалери кај Хајдук, а како што е познато Аријан Адеми поради повреда го пропушти натпреварот.

Според извештаите во хрватските медиуми, Ристовски нема посериозна повреда но замената е поради удар и да не се ризикува во самиот финиш од натпреварот за кој остануваа само секунди до крајот.

Се вчитува...