електорот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Додека нацијата го слави враќањето на Нејмар, спортската јавност е во шок поради отсуството на напаѓачот на Челси, Жоао Педро.
Иако зад себе има фантастична сезона во Премиерлигата со 20 голови и 6 асистенции, тоа не беше доволно за место во националниот тим. Статистиката покажува дека само Ерлинг Халанд постигна повеќе голови од него од игра оваа сезона.
Фамилијата на асот на Челси беше собрана и чекаше Анчелоти да го изговори името на Жоао Педро, но тоа не се случи, по што настана големо разочаруање.
OH NON ! 💔
La famille de Joao Pedro 🇧🇷 s’était réunie et a attendu toute la soirée que Carlo Ancelotti dise le nom du joueur de Chelsea… EN VAIN…😨
🎥 @geglobo pic.twitter.com/h1CHNOVxMF
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 19, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
