Цела година ракомет и фудбал за 3.000 денари – Вардар продава сезонски билети

Раководството на Вардар ги пушта во продажба сезонските билети за новата натпреварувачка сезона, со што „црвено-црните“ им даваат можност на своите фанови да купат заеднички билет за сите домашни средби на машкиот и женскиот ракометен тим, како и за фудбалскиот колектив. Цената за ова задоволство изнесува од 2.600 до 3.000 денари, популарна сума за целогодишно гледање на врвни ракометни мечеви од европските натпреварувања, надополнети со домашните средби од фудбалското првенство и од Купот на Македонија.

 „Цената на сезонските билети е иста како и ланската сезона. Може да се снабдите со сезонски билети за натпреварите на машката ракометна екипа, женската ракометна екипа, фудбалската екипа или пак со купување на ВАРДАР ПАСС да имате пристап на сите натпреварите на сите три екипи сезонава. Само за натпреварите на РК Вардар ќе има сезонски билети за стоење, а со сезонските билети на женската екипа на Вардар ќе може да се гледаат натпреварите од групната фаза и плус од главната фаза во лигата на шампионите. Сите оние што ланската сезона имале сезонски билети за натпреварите на РК Вардар и ФК Вардар, сега ќе имаат приоритет во купувањето билети. Тие ќе можат да ги заменат старите сезонски билети со нови, само за местата што досега ги имале, и то за време на приоритетнта продажба. Приоритетната продажба на сезонски билети почнува на 24 јули и ќе трае до 6 август. Потоа сите билети што ќе останат се пуштаат во регуларна продажба, што почнува на 7 август и ќе трае до 20 август. За секој поединечен натпревар ќе бидат пуштени билети во продажба само доколку има слободни места. Со секој купен сезонски билет ќе може да се добие и шампионска маица по цена од 399 МКД“ – порачуваат од Вардар.

Датуми на продажба:

1. Приоритетна продажба на сезонски* 24.07.2017 – 06.08.2017РК Вардар и ФК Вардар на своите најверни фанови кои имаале купено сезонски билет изминатата сезона да дојдат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и да си ги заменат старите сезонски билети со сезонски билети за новата сезона.Во приоритетната продажба нашите фанови ќе можат да го купат само истото место што го имале изминатата сезона.

2. Регуларна продажба на сезонски07.08.2017 – 20.08.2017

3. Замена на електронски ваучер за пластифициран сезонски билет* 04.09.2017 – 17.09.2017

4. Регуларна продажба на билети за првиот натпревар од лигата на шампиони18.09.2017 до денот на натпреварот

Цени на сезонските билети

1. РК Вардар сезонски билет– 2.200 МКД за трибинскиот простор- 2.600 МКД за А блокови- 900 МКД за стоење* Овозможен е влез на:- Сите натпревари од групната фаза од ВЕЛУКС Лигата на Шампионите- сите натпревари на домашен терен од СЕХА Газпром Лигата- сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига- сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

2. ФК Вардар сезонски билет– 1.200 МКД*Овозможен е влез на:- Сите натпревари на домашен терен од ПМФЛ- Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

3. ЖРК Вардар сезонски билет– 600 МКД за трибинскиот простор- 900 МКД за новите А блокови*Овозможен е влез на:- Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите- Сите натпревари од главната фаза од Лигата на Шампионите- Сите натпревари на домашен терен од Македонската лига- Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

4. ВАРДАР ПАСС– 2.600 МКД за трибинскиот простор- 3.000 МКД за новите А блокови*Овозможен е влез на:- Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите (РК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од СЕХА Лигата (РК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига (РК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ (РК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од ПМФЛ (ФК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од Куп Натпреварувањето на РМ (ФК ВАРДАР)- Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите (ЖРК ВАРДАР)- Сите натпревари од главната фаза од Лигата на Шампионите (ЖРК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига (ЖРК ВАРДАР)- Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ (ЖРК ВАРДАР

Се вчитува...