Цела година резерва во Реал, сега потпиша за Црвена Звезда

Црвена Звезда денеска се пофали со вториот трансфер летово (прв беше оној на Крис Џонс од Хапоел), сосема изненадувачки потпишувајќи договор со Дејвид Крамер.

Овој кошаркар во ниту еден момент не беше поврзуван со трансфер меѓу „црвено-белите“, но доаѓа во српскиот тим на барање на новиот тренер Наваро. Крамер целата ланска сезона ја мина греејќи ја клупата на Реал мадрид, а претходно во Шпанија настапуваше за Гранада и за Тенерифе.

Станува збор за крилен кошаркар кој го одликува беспрекорен шут од далечина, Крамер е и актуелен репрезентативец на Германија кој со оваа селекција стигна до титулата светски првак на Мундобаскетот во Манила во 2024 година.

„Црвено-белите“ се на добар пат да потпишат и нов центар, откако влегоа во завршна фаза од преговорите со Џонатан Мотли, кој е пред заминување од Хапоел Тел Авив.

Се вчитува...