Главна мета на Барселона за идното лето ќе биде 28-годишниот италијански репрезентативец, Федерико Димарко, објавија шпанските медиуми.
Димарко професионалната кариера ја започна во Интер, а единствено како тинејџер две сезони играше за Сион, по што повторно потпиша за Интер кој потоа во два наврати го праќаше на позајмица во Парма и Верона.
Минатата сезона, Димарко беше прогласен за најдобар играч во Серија А, а неговиот тим ја освои титулата. Димарко минатата сезона одигра 47 натпревари за Нераѕурите постигнувајќи осум гола, а имаше и дури 18 асистенции. За италијанската репрезентација има 38 настапи.
Договорот со Интер му истекува на крајот од сезоната и иако има можност истиот да биде продолжен за уште една година, а Барселона планира да го искористи овој статус и да го донесе на „Камп Ноу“.
„Чест е да се биде баран од големите европски клубови, но таков е и Интер,а сите ја знаете мојата приказна со овој клуб. Тука израснав, а за новиот договор сè уште не сме зборувале, но ќе дојде време и за тоа“, изјави Димарко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
