Цеље блиску до историја, крај на сонот за Олимпијакос

Цеље е на чекор до испишување на клупска историја откако словенечкиот првак го елиминираше Арарат и се пласираше во плејофот за влез во Лигата на Шампионите. Словенците имаа негатива од првиот меч, но пресуден се покажа финишот на денешниот реванш, најпрвин „резервистот“ Дукули погоди во 83. минута за 1-0, за Вербич три минути подоцна да стрела прецизно за 2-0 и да го одведе Цеље на еден чекор до сонот наречен ЛШ.

Противник во плејофот на словенечкиот првак ќе биде Слован Братислава со Јаја Туре на клупата, откако словачкиот шампион славеше на денешниот реванш против Мјалби со 2-0, со погодоците на Камара и на Јирајанг.

Олимпијакос неочекувано е елиминиран од квалификациите за ЛШ откако грчкиот гигант во драматичен меч загуби со 2-1 по продолженија на реваншот со НЕК Нијмеген. Грците имаа предност од 0-1 преку Ел Каби, НЕК израмни преку Линсен, а потоа во продолжението клучен се покажа погодокот на Емре Мор.

Фенербахче исто така е во плејофот откако славеше и на реваншот со Штурм Грац, со 0-1 со голот што во второто полувреме го постигна Талиска од пенал.

Се вчитува...