Целје го отпушти тренерот Тамше

Бранко Тамше долго време важеше за заштитен знак на Целје кога станува збор за стручниот штаб, откако младиот стратег не само што освојуваше трофеи на словенечката ракометна сцена, туку и им даваше шанса на помладите играчи провирајќи ги во нови ѕвезди на овој спорт. Сепак, слабите резултати во последно време придонесоа управата да ја загуби довербата во овој стручњак, па по поразот од Рибница во четвртото коло од домашното првенство пресуди на Тамше да му биде врачен отказ.

„Благодарни сме му на Бранко за неговото дело во клубот, 14-те освоени трофеи. Тоа доволно говори за заедничкиот период, креиравме однос што секогаш ќе не поврзува. Тој секогаш ќе биде добредојден во нашата сала, но решивме во иднина тимот да го води друг тренер“ – изјави претседателот на Целје, Јернеј Смисл.

Екипата на неделниот натпревар од ЛШ против Фленсбург ќе ја води кондицискиот тренер Томаж Оцвирк, а во текот на следната седмица се очекува да биде именуван и наследникот на Тамше на кормилото на Целје.

Се вчитува...