Целје против Констанца за победничкиот пехар во Струга

Во финалето на 46.Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“ ќе играат Констанца и Целје. Словенечкиот тим во својот прв настап во Струга избори и прво финале на турнирот што традицонално се игра на отворениот терен кај „Женска плажа“.

Во решавачкиот натпревар за првото место во групата, Целје одигра нерешено со Бешикташ 23-23 , но ремито му беше доволно на словенечкиот тим за да го задржи првото место во групата и да обезбеди финале во својот прв настап во струга.

Во утрешното финале за првата титула од струшкиот турнир, Целје за противник ја има романска Констанца со Звонко Шундовски на клупата и со Никола Митревски и Велко Марковски во составот и Бранислав Ангеловски во управата. Констанца  исто како и Целје е без пораз во групната фаза, со две победи и едно реми во првиот меч против Алингсас.

Финалето на струшкиот турнир ќе се одигра утре со почеток во 21 часот. Претходно на програмата се натпреварите за пласман.

Се вчитува...