Целосен распоред: Пеколен старт на сезоната за Работнички

КФСМ денеска го објави целосниот распоред за натпревари во првата лига, што ќе стартува на 3 октомври. Со ждрепка беше одлучено сезоната да стартува со вечно дерби, Работнички веќе во првото коло ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје, а дополнително ќе биде одлучено во која сала „центарци“ ќе ги играат своите домашни натпревари во новата сезона.

Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Кожув и засилениот Пелистер, Гостивар е фаворит на гостувањето против ФМП, додека новиот прволигаш ТФТ ќе го пречека Куманово.

Работнички има тежок распоред бидејќи по дуелот со МЗТ тимот на тренерот Мираковски го очекуваат две гостувања против Гостивар и Кожув.

Се вчитува...