Целото семејство Кари во Западното финале

Во финалето на Западната конфернција од НБА лигата ќе се соочат Голден Стејт и Портланд. Тоа значи дека семејтвото Кари ќе се подели во поддршката. Стеф Кари ќе го предводи актуелниот првак во битките за ново финале во лигата додека Сет Кари со Портланд ќе го предизвика трикратниот шампион од последните четри сезони.

Таткото на Стеф и на Сет по ваквиот исход се шегува дека е добро што семејството нема да мора многу патува, но се отвора проблемот околу тоа какви дресови да носат членовите на фамилијата. Тој вели дека ќе ја продолжат традицијата, ќе фрлаат паричка и така ќе биде одлучено чии дресови ќе носат на натпреварот.

“Ова е остварување на сонот. Очигледно вакво нешто првпат се случува. Ќе биде забавно нашето семејство да присуствува на натпреварите“ – изјави по победата на Портланд, Сет Кари.

Стеф кој е две години постар од Сет е подобоар во меѓусебните братиски дуели во лигашкиот дел. Води со 7-2.

„Мајка ми е малку под стрес кога играме меѓусебе. Татко ми е мирен. Секако ќе бидат среќни бидејќи еден од нас ќе оди во финале“ – објаснува играчот на Портланд.

Финалтата серија меѓу Голден Стејт и Портланд почнува в среда. Предноста на домашен терен е кај бранителот на титулата.

Се вчитува...