Цената на Бејл за четири месеци падна за 40 милиони фунти

Одлуката на Флорентино Перез да го задржи Герет Бејл во текот на летниот преоден рок се покажа како тотално промашување, Велшанецот беше во слаба форма на оние малку натпревари на кои настапи, а воедно следеа и нови повреди поради кои тој подолго време не беше во тренажен процес. Трпението на „кралевите“ заврши и Бејл сега е достапен за трансфер, но проблем е што за само четири месеци неговата вредност значително се намали.

Манчестер јунајтед минатото лето беше подготвен да плати огромни 90 милиони фунти за да го доведе во своите редови, но информациите од „островот“ говорат дека сега таа сума е речиси преполовена. Жозе Мурињо останува голем фан на Бејл, но сега проценката за Велшанецот изнесува максимални 50 милиони фунти. „Ѓаволите“ веќе во јануари ќе испратат понуда од 50 милиони до Реал, во обид да го доведат Бејл на „Олд трафорд“. На потег ќе биде Флорентино, кој ќе очекува наддавање со оглед на интересот од уште неколку клубови, но во секој случај јасно е дека сумата ќе биде далеку под 90-те милиони што првиот човек на Реал ги одби пред само неколку месеци.

Како опција се споменува и Тотенхем, со тоа што Бејл би бил вклучен во понудата за Деле Али, со доплата од околу 50 милиони фунти.

Се вчитува...