Центар на Работнички меѓу желбите на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје се пофали со останување на тренерот Кочов и капитенот Стојановски и плејмејкерот Магдевски, но пред „металците“ допрва следи потешкиот дел од задачата, да го комплетираат ростерот со кој ќе ја бранат титулата на домашната сцена, но и ќе атакуваат на што подобар пласман во АБА2 лигата. Центарскиот дел од тимот засега делува најпроблематичен, по заминувањето на репрезентативецот Младеновски, како и на странците Иванов и Бојиќ.

На тренерот Кочов му е јасно дека мора да ангажира најмалку еден домашен играч за овој дел од екипата, а меѓу желбите на „металците“ е член на лутиот ривал Работнички. Станува збор за Бојан Крстевски, македонскиот репрезентативец кој е слободен за ангажман по истекот на договорот со „центарци“. Управата на МЗТ веќе контактирала со Крстевски, кој во најскоро време ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата, а покрај „сино-белите“ од Аеродром добил интересна понуда од Гостивар, но и од уште две македонски екипи.

Аеродромци се мачат и во обидите да го задржат Андреј Маслинко, чиј договор истече на крајот од минатата сезона.

Се вчитува...