Центарот на Олимпија, МВП на сезоната во АБА-лигата

Никола Јанковиќ од редовите на Унион Олимпија е МВП на регуларниот дел на сезоната на АБА-лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на регионалното натпреварување.

Српскиот интернационалец во редовите на словенечкиот кошаркарски гигант ја заврши сезоната со просечни 19,24 индексни поени по натпревар, што е речиси за еден поен повеќе од второпласираниот Рајан Боутрајт од Цедевита. Јанковиќ во просек бележеше по 16,6 поени, 7,3 скокови, 1,4 украдени топки и 1,1 асистенција по натпревар, бројки со кои беше петти најдобар стрелец и петти најдобар скокач во сезоната.

Јанковиќ претходно беше избран за МВП на лигата за месец декември и МВП на 13. коло во регионалното натпреварување.

На следното видео можете да погледнете дел од најатрактивните потези на српскиот интернационалец во дресот на Унион Олимпија.

[youtube id=”9mPKbOeItP8″ width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...