Цесар: Со Седлоски имам специјална врска, ќе ми биде мило пак да го видам

Словенечкиот селектор Бостјан Цесар очекува добра игра и победа на својата репрезентација на утрешниот дуел од Лигата на Нации против Македонија.

Сепак, тој е свесен дека Словенците се наоѓаат во криза и затоа ќе мора да најде начин да ги мотивира своите фудбаллери.

„Не знам дали во последните две години Словенија има две победи, севкупно во сите натпреварување. Факт е дека ова е лош период и сакам да го поправиме најдобро што можеме. Затоа и ќе биде многу важен овој натпревар, ќе барам од момците да ја играме нашата игра, да имаме посед и на тој начин да стигнеме до гол. Ќе ни треба и поддршка од трибините, секогаш е полесно да се игра кога знаете дека навивачите се зад вас. Противникот не е наивен, Македонија заслужува да биде дел од групите Б од Лигата на Нации, имаат квалитетни поединци, играат физички фудбал, затоа и повторувам дека воопшто нема да ни биде лесно“, изјави Цесар.

Потоа, селекторот на Словенија проговори за поврзаноста со нашиот кормилар Гоце Седлоски, со кого заедно како играч настапуваше во дресот на Динамо Загреб.

„Точно е, играв со нивниот селектор и имаме специјална врска еден кон друг. Се среетнавме пред летото, разговаравме, ќе ми биде мило повторно да го видам. А во меѓувреме, добро го анализиравме него и македонската репрезентација“, вели Бостјан Цесар.

Се вчитува...