Шпанскиот фудбалер Цезар Аспиликуета објави дека ќе ја заврши кариерата во недела, кога сезоната официјално ќе заврши.
Во богатата кариера, Шпанецот ја освои Лигата на шампионите, две Лиги на Европа, две Премиерлиги, еден ФА и Лига куп со Челси, како и Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.
Тој го освои францускиот Лига куп со Олимпик Maрсеј. Од 2013 до 2022 година, тој запиша 44 настапи за репрезентацијата на Шпанија и постигна еден гол.
„По толку години живеење на мојот детски сон, чувствувам дека е време да започнам ново поглавје во мојот живот. Носењето дресови на Осасуна, Олимпик Марсеј, Челси, Атлетико Мадрид и Севилја и претставувањето на мојата земја на најголемите сцени беше привилегија. Секој момент ми значеше толку многу. На моите соиграчи, тренери и секој член на персоналот во сите клубови во кои имав среќа да бидам, ви благодарам што ми помогнавте да растам како личност и играч секој ден“, напиша Азпиликуета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
