Словенија го почна новото издание на Лигата на нации со домашно реми против Шкотска, исход од кој Словенците се разочарани ако се знае дека очекуваа три бода на овој натпревар.
Шанса за поправен ќе имаат веќе во вторник кога во Љубљана ќе ја пречекаат македонската национална селекција, а селекторот Боштјан Цесар јасно стави до знаење дека нема да дозволи опуштање.
„Едно треба да биде јасно, не постојат слаби ривали и ќе мораме да одиграме стопроцентно ако сакаме да славиме. Начинот на кој го игравме првото полувреме со Шкотска треба да е пример како треба да изгледаме, но овојпат мораме да го задржиме нивото 90 минути. Македоонија има физички силен тим, но знаеме што треба да направиме. Клучно ќе биде да имаме повеќе од поседот на топката, така ќе креираме шанси и ќе постигнеме најмалку еден гол. Одбраната ни функционираше добро против Шкотска, така треба да продолжиме и на наредните натпревари“, истакна Цесар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
