Цибона се повлече од АБА 2 лигата, ТФТ остана без противник

Хрватска Цибона се одлучи да се откаже од натпреварувањето во регионалната АБА 2 лига.

Како што пренесоа хрватските медиуми, од раководството на загрепскиот клуб одлучиле да се повлечат од лигата, па македонскиот ТФТ Скопје остана без противник за меѓусебниот натпревар кој беше закажан за понеделник од 18 часот.

Цибона, по речиси една декада, одлучи да се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, а во исто време, играше во АБА2 и домашното првенство. Сега одлуката е да се повлече од АБА натпреварувањето.

Сето тоа е и поради откажата финансиска поддршка од Хрватскиот кошаркарски сојуз.

Се вчитува...