Екипата на Пелистер во продолжение од сезоната во Втората Македонска фудбалска лига ќе биде посилна за Мите Цикарски.
Цикарски доаѓа во Битола како слободен играч откако го раскина договорот со Беласица. Тој потпиша договор со битолчани до крајот на сезоната.
Цикарски (33 години) во својата кариера настапуваше за Македонија ЃП, Брера, Академија Пандев, Работнички, Вардар, а има и интернационално искуство играјќи за Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Ботев Пловдив. Цикарски има и три настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
