Циндриќ се повреди, го пропушта стартот на сезоната

Храватскиот плејмејкер Лука Циндиќ, кој летово од Вардар се пресели во Кјлеце, ќе го пропушти стартот на сеозната со полскиот шампион.

Циндриќ има повреда на мускул и извесен период ќе паузира од настапите. Според најавата во полските медиуми, Цидриќ сигурно нема да биде во составот на Кјлеце на денешниот прв натпревар во шампионатот на Полска, против Гвардија Ополе. Покрај Циндриќ, во составот на Кјлеце повредени се и Михал Јурецки и Криштоф Лијевски.

„Имаме мал проблем во составот, но имаме алтернативни решенија. Ќе се обидеме да играме со Алекс или со Матеуш Јахлевски на средината…“ – најави тренерот на Кјлеце Талант Душебаев.

Кјлеце ќе биде еден од противниците на Вардар во групата А во Лигата на шампионите. Натпреварите во ЛШ стартуваат на 15 септември, а Кјелце во првото коло му гостува на Веспрем.

Се вчитува...