Цинцов и Кусмак победници на вториот дел од „Мавровскиот меморијал“

Цветан Цинцов од Бугарија и Сања Кусмак од БиХ се победници на вториот ден на натпреварите на 54.то издание на „Мавровскиот меморијал“.

Во трката на 10 километри во машка конкуренција, Цинцов оствари време 18:43.09 минути и беше поуспешен од вчерашниот победник Еди Дачиќ од Хрватска, кој заостана 27 секунди и го освои второто место.

На третата позиција се пласира Младен Плакаловиќ од БиХ.

mavrovski memorijal 33

Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски, кој со вчерашното четврто место обезбеди А – норма за ЗОИ во Пјонгчанг, денешната трка ја заврши на седмото место со време 20:19.03 минути.

Во женска конкуренција, на патеката од 5 километри победи Сања Кусмак од БиХ, додека вчерашната победничка Дејана Косарац го освои второто место. Како третопласирана заврши македонската натпреварувачка Викторија Тодоровска со време 12:21.7 минути.

Се вчитува...