Цирбес се раздели со Макаби, ќе остане во Германија

Поранешниот центар на Црвена Звезда, Mајк Цирбес го раскина договорот со Макаби и ќе остане во Баерн. По само една година откако пристигна во тимот од Тел Авив, Цирбес ја прекинува соработката откако не се снајде најдобро во првиот дел од сезоната. На полусезона беше испратен во Баерн Минхен на позајмица, а сега комплетно ќе биде играч на „баварците“.

Цирбес во вториот дел од сезоната немаше подобар учинок во однос настапите со Макаби. Во германското првенство одржуваше просек од 8.3 поени и 3.2 скока по натпревар, додека во Еврокупот одигра само три меча, односно четвртфиналната серија каде Баерн дожиеа пораз од Уникаха во серијата со 2-1. 27-годишниот центар ќе има можност повторно да заигра со неговиот соиграч од Звезда, Стефан Јовиќ.

  

Се вчитува...