Циркус на дербито во Турција: Босанскиот голман Шехиќ реши да се „тепа“ со Икарди и со пола тим на Галатасарај (ВИДЕО)

Повеќе од возбудливо дерби меѓу Галатасарај и Коњаспор во турскиот шампионат кое му припадна на Галатасарај со 2-1.

Тимот од Истанбул до триумфот дојде во 82. минута со автоголот на Калво, што очигледно доведе до постојано нервоза во гостинскиот тим.

А, најнервозен меѓу гостите голманот од БиХ, Ибрахим Шехиќ кој во 86. минута доби жолт картон, а само три минути подоцна и вториот жолт по еден судир со, безмалку, целиот тим на Галатасарај.

Откако умешно реши една топка по корнер, потоа Шехиќ доби удар од еден домашен играч, а голманот на Коњаспор не успеа да се воздржи. Па се впушти во судир со Икарди, и уште неколку домашни фудбалери, а на крај и иронично аплаудираше кон судијата кога доби црвен картон…

Се вчитува...