Фудбалската јавност збесна по најновиот преседан од страна на ФИФА, откако најдобриот стрелец на САД, Балогун, беше „помилуван“ и ќе може да игра во осминафиналето со Белгија иако доби црвен картон на последниот натпревар со БиХ.
Вообичаено црвените картони на светските првенства значат и автоматска суспензија, логичен беше ист исход и за Балогун, но ситуацијата се промени на огромно изненадување на сите познавачи.
Неофициално, на се претходел телефонски повик од Белата куќа до челниците на ФИФА и барање црвениот картон на американскиот голгетер да биде повторно разгледан. Од светската куќа на фудбалот одбија да го коментираат (но исто така и не го негираа) случајот, но дека имало интервенција стана јасно по денешната одлука – Американецот да биде казнет „условно“.
Имено, дисциплинската комисија одлучи дека црвениот картон бил праведно доделен, но санкцијата наместо суспензија гласи – условна казна од еден натпревар, што е апсолутен преседан кога станува збор за сериозно натпреварување како што е еден фудбалски мундијал.
Нема сомнеж дека најоштетена е Белгија, ако се знае дека играњето на Балогун (веќе постигна четири гола за САД на овој мундијал) ќе биде далеку поголема опасност по голот на Куртоа на претстојниот осминафинален натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
