Циркус во Аргентина: Судијата прво удри играч, па му покажа црвен картон (видео)

Неверојатна случка го одбележа синоќешниот дуел од аргентинскиот шампионат меѓу Ривер и Росарио што гостите го добија со резултат 1-2. Ривер не само што го загуби натпреварот, туку во самиот финиш остана и со играч помалку, по црвениот картон што во 105. минута го заработи Кинтеро.

Ситуацијата беше бизарна, бидејќи Кинтеро тргна да протестира кон судијата, по што овој случајно го удри по лицето. Фудбалерот на Ривер збесна и го турна главниот арбитар, по што следеше црвен картон и дополнително зовревање на страстите.

Се вчитува...