Циркус во Хрватска: Адеми имаше многу среќа, на судијата му падна свирчето кога беше најважно

Аријан Адеми беше херојот на Динамо Загреб на гостувањето против Горица, дуел на кој токму македонскиот репрезентативец во самиот финиш го постигна победничкиот гол за „модрите“.

Хрватските медиуми обелоденуваат и дека Адеми имал многу среќа бидејќи многу лесно можело да се случи акцијата да биде прекината непосредно пред неговиот гол… но на судијата му паднало свирчето на земја пред да досуди прекршок.

Имено, Толиќ беше фаулиран на дваесетина метри од голот на домаќините, топката веќе беше упатена кон Адеми, но судијата тргна да досуди прекршок за Динамо од опасна позиција. За среќа на Адеми, токму во тие моменти му падна свирчето, па акцијата продолжи, а капитенот на „модрите“ биеше прецизно од втор обид (првиот заврши во дирекот) и му донесе победа на својот тим.

Се вчитува...