Циркус во Србија – Тренери се караа на прес-конференција: „Нема ти да ми наредуваш!“

Дека пониските фудбалски лиги се поинтересни од оние елитните се уверија и гледачите во Варварин каде во 19. коло од Втората лига на Србија играа Темниќ и Динамо Врање.

Поведоа гостите кон средината на првото полувреме по големата грешка на домашната одбрана. Голот посебно го развесели гостинскиот тренер Радмило Јовановиќ кој почна да танцува и гестикулира кон домашната клупа, затоа што токму од ФК Темниќ неодамна доби отказ.

Но, славјето за брзо му преседна затоа што домашните до полувремето израмнија а потоа славеа со гол од пенал. Стрелецот на голот прослави на ист начин како и Јовановиќ, притоа гледајќи кон својот поранешен тренер…

Но, циркусот продолжи на прес-конференцијата по мечот на која домашниот тренер Драган Ѓорѓевиќ му препушти збор на колегата. Но, Јовановиќ не сакаше прв да коментира туку инсистираше Ѓорѓевиќ да почне, па и двајцата се натегаа…

„Им благодарам на судиите за домаќинското судење. Голот го примивме од непостоечки пенал, а нивниот играч не доби ниту жолт картон по старт на наш фудбалер на кој му скршки клучна коска“ – рече Јовановиќ на прес-конференцијата, покажувајќи притоа на лицето.

На, тоа веднаш доби одговор од противничкиот тренер…

„Ако е клучна коска на лицето, тогаш јас навистина ништо не знам за анатомија. Очигледно е дека бевме на некој друг натпревар“ – рече Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...