Цитроен се повлече од рели шампионатот

Екипата на Цитроен соопшти дека се повлекува од светскиот рели шампионат. Потегот беше очекуван откако еден од најтрофејните возачи во историјата на спортот, Себастијан Ожие ги напушти редовите на францускиот производител на автомобили и премина во Тојота.

„Годинава беше јасно дека немаме никаков напредок и дека нашите перформанси се далеку послаби од тие на ривалите. Тоа не го приметив само јас туку секој кој го возеше автомобилот“, изјави Ожие по заминувањето во Тојота. 

Тој имаше уште една година од постоечкиот договор, но поради големите проблеми одлучи да го раскине година дена подоцна и да премине во редовите на Тојота.

Се вчитува...