Циципас добро се испоти за триумф на стартот на Ролан Гарос

Стефанос Циципас успеа да ја мине првата пречка на Ролан Гарос, но грчкиот тенисер се соочи со неочекувани проблеми тешко совладувајќи го Чехот Весели со 3-1 во сетови. Циципас, кој е петти носител на турнирот, делуваше сигурно откако рутински ги доби првите два сета со 7-5 и 6-3, но Весели потоа изненади добивајќи го третиот сет со 4-6.

Возбудувањата продолжија се до самиот крај, откако четвртиот сет беше решен во тајбрејк, во кој чешкиот тенисер имаше одлична можност за израмнување, водејќи со 6-3, потоа и со 7-6. Циципас успеа да ги спаси овие четири сет-топки на противникот, а потоа и да ја искористи првата меч топка што му се укажа, славејќи со конечни 9-7 во тајбрејкот.

Огромни проблеми имаше и единаесеттиот носител Хачанов, кој се врати од негатива од 0-2 во сетови и на крајот успеа да триумфира со 3-2 над Лестиен од Франција.

Со минимални 3-2 до пласман во второто коло стигна и Хуркаш, кој го доби маратонот против Давид Гофан од Белгија.

Се вчитува...