Циципас и Рубљов си закажаа пресметка во четвртфиналето на Ролан Гарос

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на последниот грен-слем сезонава Ролан Гарос, откако во осминафиналето со 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-2 го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров. Димитров може да жали само за вториот сет во кој во тај-брејкот не успеа да искористи неколку сет топки, додека во останатите два сета немаше никакви шанси.

Во четвртфиналето Циципас ќе игра со Русинот Андреј Рубљов кој во меч што траеше скоро четири часа беше подобар од Унгарецот Мартон Фучович со 3-1 (7-6, 5-7, 4-6 и 6-7). Клучен во мечот беше вториот сет во кој унгарскиот тенисер имаше водство од 5-2 кое не успеа да го искористи и го изгуби сетот со 7-5.

Во преостанатите две осминфинални средби денеска, првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ игра со Карен Хачанов од Русија, додека Шпанецот Карено Буста ќе игра со Германецот Алтмаер.

Се вчитува...