Циципас полуде, го удри татко му со рекет (видео)

Стефанос Циципас ги загуби нервите по загубениот тајбрејк во првиот сет од дуелот со Ник Кирјос, во рамките на АТП Купот, а подебелиот крај го извлече неговиот татко Апостолос.

Видно нервозен по неизнудената грешка, Циципас почна да удира со рекетот по клупата каде седеше Апостолос, при што во еден момент го закачи и својот татко. Тој пак беше шокиран од она што го гледа, па избега пред конфликтот уште повеќе да се вжешти.

Погледнете како изгледаше оваа немила сцена на натпреварувањето во Бризбејн.

Се вчитува...